Иван Апостолски често го имаме на сајт со неговите монтирани музички мешаници. Но сега со нешто друго - едно од серијата видео етиди на тема „Го/ја/ги прашав...“, кои ги објавува на својот фејсбук профил. Некои игри со зборови се покарактеристични за српскиот (Иван живее во Белград), но повеќето не само што ни се разбирливи туку се и ептен погодени.
Бидејќи тој повикува луѓе да се надоврзат, еве неколку наши, книжевно-филозофски предлози:
Го прашав Даглас Адамс, рече „42“.
Ја прашав Емили Бронте, ме погледна од високо.
Го прашав Данте, се раздра, „hell no!“
Го прашав Хомер, не ме виде.
Го прашав Буковски, рече „живели!“
Го прашав Дикенс, рече многу очекуваш.
Го прашав Фројд, рече „на мајка ти!“
Го прашав Голдинг, се слушна само зуење.
Го прашав Ниче, рече - „не“.
Го прашав Конески, рече „тешко“.
Го прашав Чинго, ме пренесе жедна преку вода.
Ја прашав Сафо, ме заведе.
Не бев доволно храбра да го прашам Хаксли.