Во третата епизода од 12-тата сезона на серијата Parts Unknown, снимена во Индонезија, има еден, од сегашна перспектива, морничав момент кога Бордејн зборува за тоа како сака да биде погребан. „Оставете ме во џунглата. Воопшто не сум заинтересиран што ќе се случува со моите физички остатоци, освен ако во тоа нема забава. Ставете ме во мелач на струготини и расфрлете ме низ стоковната Херодс, во најголемата гужва. Тоа би било супер. Не ми пречи да бидам запамтен така“.
Книгата „Патување низ светот: непристоен водич“ тој започнал да ја пишува пред смртта, со неговата соработничка Лори Вулевер, авторка која пишува за храна во Њујорк Тајмс и други медиуми. Тие во книгата ги покриваат омилените места за патување на Ентони, и даваат практични совети каде да се престојува, што да се јаде, а што да се одбегнува.
Сепак, ова е повеќе од само список на места - есеите се зачинети со приказни на Бордеј, како и прилози на негови пријатели и роднини. Такви се брат му Крис и музичкиот продуцент Стив Албини, кои се вклучени со водич за евтина храна во Чикаго. Книгата е илустрирана од Весли Олсбрук.
Извадок од книгата може да се прочита тука