Годишно во Јужна Америка и суб-Сахарска Африка се соголуваат околу 5 милиони хектари шума. Во исто време од 28% од територијата на Шпанија под шума во 1990-те, денес тоа е пораснато на 37%.
Во истиот период во Грција и Италија површината под шума е порасната од 26 на 32 проценти од територијата. Ирска во рок од речиси 100 години, од осамостојувањето во 1922 до денес, има раст на површината под шума од 1 на 11% од вкупната територија.
Ваквиот раст е комбинација од два фактори. Првиот е што народ има сфатено дека не може ништо да се одгледува во високите предели на земјата, бидејќи родот е речиси стандардно слаб. Вториот е владина политика и субвенции, со кои шумите се заштитуваат и унапредуваат од најразлични причини: од заштита на околината и животните, до чистење на воздухот кој го дишат нивните граѓани.
Нормално дека има поплаки, па така земјоделците се жалат дека обработливо земјиште се трга од оптек и им се доделува на субвенционирате плантажи за дрвја (и тие добиваат субвенции, само овие за дрвја се многу подарежливи). Или дека увезените сорти дрвја, кои првично комерцијално се посадени па потоа се шират сами од себе, се многу подложни на пожари.