Најчесто станува збор за (релативно) богати белкињи некаде пред или тазе во пензија, кои доаѓаат во Кенија, претежно во морските ресорти, во потрага по романса, дечко или потенцијален партнер.
Според Клугарт потрагата речиси секогаш е по млади Кенијци, и на сите во хотелите, од рецепционерот од послугата им е јасно за што се дојдени гостинките од Европа.
Во зависност од тоа кој пат и е на жената, и дали сака да се одржи некој привид за романса, на потенцијалните дечковци дискретно преку трет човек им се даваат пари за дружењето. Ама има добар дел што директно плаќаат за секс.
Во шетањето Клугарт се среќава со Луис која во 1997-ма доаѓа во Кенија како туристички водич. До сега имала подолги врски со двајца Кенијци (со едниот се мажи, го носи во Франција, има син и го разведува заради прељуба, негова). Една од жените со кои разговара е Германка која два пати годишно оди во Кенија и секој пат се среќава со истиот маж.
Таа има и трагични приказни, во кои жените сфаќаат дека Кенијците всушност само ги искористувале (не затоа што платиле за воопшто да се запознаат со нив, туку) за да стигнат во Европа и до подобар живот.
Од друга страна има и приказни на Кенијци кои веќе неколку години се среќаваат со исти жени, меѓутоа никогаш не биле повикани во Европа, бидејќи им служеле само "како друштво и бегање од реалноста."