Занимливости

На лагата нозете ѝ се штотуку проодени

Истражувањата ја потврдуваат максимата дека „на лагата ѝ се кратки нозете“. Но, не заради она што вообичаено се мисли под тоа, туку затоа што луѓето почнуваат да лажат од најмали нозе -  од две години. А родителите тоа би требало да ги радува.

Во библиотеката на Кси Џинпинг се појавија две книги за вештачка интелигенција

Како што внимателно се анализира годишниот говор на кинескиот претседател, така детално се анализираат и книгите што стојат во библиотеката зад него.

Уредничките забелешки на откажаната книгата на еден алт-десничарски трол

Меѓу останатите работи што Мајло Јанопулос ги изгуби откако на почетокот од годинава се стави во одбрана на сексуални односи меѓу возрасни и малолетни лица, беше и неговиот договор за објавување книга со Сајмон и Шустер. Благодарејќи на тоа што Мајло го тужеше издавачот, комплетната евиденција околу книгата, вклучително и уредничките забелешки станаа јавна информација.

Наши луѓе во Нов Зеланд

Група досетливи Новозеланѓани изградиле мало островче во крајбрежните води за да ја избегнат забраната за пиење на јавни места. За идејата им честиташе и првиот полицаец во местото.

Како пиратите го украдоа метричкиот систем

Денешната тврдоглавост на Американците во однос на користење на империјалниот систем на мерки наспроти метричкиот, не е ништо во споредба со состојбата во земјата во времето на Томас Џеферсон кога дури и различни сојузни држави во рамите на САД користат различни мерки.

А бе лошо е, ама не колку што мислите

Без намера да се однесуваме игнорантно кон сите зла и неправди на светов, ама работите не стојат толку лошо колку што нашиот мозок сака да ги прикаже.

Кармата е бич и кога е нема

Кинез кој долго избегнувал да биде уапсен глумејќи нем човек, после 12 години правење мутав, сфатил дека во меѓувреме навистина го изгубил гласот.

Икигаи, или како Јапонците живеат толку долго

Името на концептот се преведува како „причина за живеење“ и е спојка од два јапонски збора икиру - да живее, и каи - реализација на сопствените надежи.

Неочекувани последици од прoчистување на воздухот

Лос Анѓелес со децении мака мачеше со загаден воздух. Мерките за прочистување делуваат, но доведуваат до формирање на нов загадувач за кој не се ни знае како делува на здравјето. 

Да не е без ич

Има лоши начини да го изгубиш наследството: коцка, дрога, курви, алкохол, спортска, кладење...; и има глупи начини: да ти се изгуби во пошта. Во вториов случај за надомест ја добиваш поштарината.

Очи ширум дисплеј затворени

Ако е точно дека во последните мигови на животот, на човек му се вртат сцени од она што го правел, пред да се одлогира од овој свет, денешниот модерен жител нa планетава ќе го гледа она што го зјапал во својот мобилен.

Белгискиот принц си бара човекови права

Му ја скратиле апанажата и плус му замериле што во воена униформа отишол кај Кинезите да ја слави нивната армија. Заради ваквото малтретирање од страна на државата, овој нескротлив аристократ апелира да му се почитуваат оние права кои денес ѝ се загарантирани дури и на рајата.

Вест од BBC, релевантна за кај нас

Индиската полиција уапсила човек зашто му смрделе чорапите.

Приказната за Америка раскажана преку книгите за диети

Продадените книги за диети во Америка би можеле да ги наполнат сите рафтови во импозантната Конгресна библиотека и пак би останале примероци за сите други помали библиотеки во САД. Зошто приказните раскажани во овие книги се толку убедливи и што е тоа во нив што ги заведува читателите цел еден век?

Лото премија: доживотно издржување, луксузно

Најголемата британска лотарија започнува нова игра во која главната награда е се што може да побара човек кој разумно очекува дека ќе го истера животот на грбот на лото премија, а како што секој професионален лото сонувач знае тоа не се претерано многу пари, туку редовност.

Релативизирање на Да Винчи

Сликата Salvator Mundi (Спасител на светот) на која главна улога има Вирд Ал Јанкович (шала,шала) на аукција отиде за фрапантни 450 милиони долари. На таа пара, станува небитно дали е тоа навистина Да Винчи или не..  

Јапонците пак се резилат пред светот

Во скандал приреден од тамошната железница кој уште долги години ќе остави длабок траг во јапонското национално ткиво, цела држава на свои плеќи треба да го носи срамот на еден воз што тргнал 20 секунди порано од станица.

Сексуалните манијаци си најдоа шведска маса

Толеранцијата и почитувањето му се очајно потребни квалитети на ова човештво. На таа линија, половата идентификација се чини како дел од човековите слободи за кои без двоумење би навивале. Додека не се судрите со заебан случај: осуден неколкукратен силувач почнува да се изјаснува како женско, само за да се домогне до женскиот дел од затворот. Ај сега?

Ако ти го хакнат вибраторот, дали е тоа силување?

Овде на времето едвај се научи како функционира телетекс, а веќе имаме нов проблем: телесекс. Западните законите не можат да стигнат да регулираат сè, ама ние немаме гајле, кај Прибе нема ништо за ова.

Колку крава има во производите што ги користите?

По бројките на американската Национална асоцијација на сточари, околу 60% од кравата (говедото) се користат за храна, останатите 40% завршуваат на најразлични места од кармини до керозин.

Среќа е кога ќе ти остане бакшишот од Ајнштајн

На човек кој му донел порака, наместо бакшиш Алберт Ајштајн на салфетка му запишал што тој мисли за среќата. Неговата дефиниција за среќата деновиве се продала за милионска сума. Сакате да ја дознаете бесплатно?

Околу Алах што беше најден кај Викинзи

Минатата недела се појави веста за едно неочекувано откритие дека археолог за текстил од шведскиот Упсала Универзитет го открил зборот „Алах“ испишан на стотици години стара викиншка погребна облека. Времето, 5-6 дена подоцна, покажа дека веста пренесена од најдоверливите медиуми (Би-би-си, Нешнл џиографик...) не е така точна како што изгледа.

Трамп верува дека има оригинал Реноар

Биограф на Доналд Трамп раскажа како актуелниот американскиот претседател своевремено го убедувал како слика што ја поседува била прав, правцат Реноар. Скорешно видео интервју со првата дама на САД открива дека лажњакот уште им виси по дома.

Хјустон, стварно имаме проблем

НАСА останува без најдрагоцениот елемент неопходен за идните вселенски мисии. Останува без гориво без кое не може да се добаци до тие планети кои се поџенем и од Брајчино. Пу, ама не јаз'к туку 238.