Бугати, колата на која не можеш да и смениш масло, а не па да ја купиш

Вејрон и Широн на Бугати чинат од 1 до кај 2,5 милиони евра, најновиот модел Диво имаше цена нешто под 5 милиони евра и целото производство беше распродадено за еден ден.

Во случај се да функционира како што треба, а нема зошто да не биде така, само редовниот сервис за масло сопственикот на Бугати Вејрон би го чинело меѓу 17 и 21 илјада евра или отприлика колку да купи нов Голф.

Цената за сервисот ја следи истата логика на продажба на Бугати, колата ја купуваат само избрани поединци за кои е заедничко дека не ја купуваат од плата.

За толку пари добиваш и опсежна процедура за менување на маслото, која опфаќа отворање на целиот долен дел од автомобилот, отстранување на предницата и задниот дел, како и задните кочници.

Чувањето на автомобилот во гаража нема нешто многу да ви заштеди бидејќи промената на масло се препорачува барем еднаш годишно, без разлика дали си ја возел колата или не.

Ако е некаква утеха, менувањето гуми на Бугати чини 32.500 евра.

 

20 септември 2018 - 12:31