Вејрон и Широн на Бугати чинат од 1 до кај 2,5 милиони евра, најновиот модел Диво имаше цена нешто под 5 милиони евра и целото производство беше распродадено за еден ден.
Ти требаат пари, и педигре дека имаш пари, па ако они мислат дека си заслужил да купиш Бугати тогаш те пречекуваат со хеликоптер, и дури потоа почнува целата процедура.
1939-та година, Еторе Бугати ревносно работи на единствениот модел на авион од неговата компанија. Авионот е подеднакво технолошко чудо како и автомобилите на Бугати, меѓутоа проектот има еден проблем кој не може да го надмине - почнува Втората светска војна.