Авионот 100P го придвижуваат два мотора кои вртат два концентрични пропелери во спротивен правец. На V опашката на авионот има отвори за воздух, кој од таму се пренесува до моторите и служи за нивно ладење. Крилата се обратно поставени со закосување нанапред.
Направен е само еден примерок од авионот кој речиси половина век е оставен да скапува, пред да го земат и да го реставрираат (во нелетачка состојба) за да биде изложен како експонат во музеј во Висконсин.
Во 2013-та, еден поранешен пилот на американската воена авијација започнува Кикстартер проект за создавање на сосема нов 100P кој ќе лета. Собраа над 62.000 долари и од тогаш до сега успева да го направат авионот речиси подготвен за летање. Денес авионот е составен, моторите работат и веќе направи неколку круга по патека (без летање), меѓутоа се уште нема точен датум кога ќе биде првиот лет на авионот на Бугати.