Во регионите во кои нема доволно вода за пиење луѓето своите потреби ги покриваат со вода добиена преку процес на отсолување на водата околу нив. Проблемот е во солениот нуспроизвод од овој процес кој завршува во океаните и предизвикува хаос во тамошниот екосистем.
Ајми Чајлдрес од Универзитетот на Јужна Калифорнија која го истражува влијанието од отсолувањето на водата порачува дека „растечката соленост на океаните е еден од најважните еколошки проблеми на 21-от век.
Во една од техниките за отсолување која се нарекува обратна осмоза, солената вода минува низ мембрана што солта не може да ја помине. На една страна од мембраната се добива питка вода, на другата се добива течност со концентрирана сол која е два пати посолена од стандардниот океан.
Најголемиот дел од глобалните капацитети за преработување на солената вода, солениот остаток го враќаат во океанот, што на така глобално индустриско ниво почнува да му штети на екосистемот.
Едно од решенијата кое се предлага, освен да пијат помалку вода, е фабриките за отсолување да почнат да го разредуваат солениот остаток со свежа вода која е доволно чиста за да биде вратена во океаните но не и за пиење.