Илон Маск стана руско меме

Руски он-лајн тролови развија локално меме во центарот на кое ни крив ни должен се најде Илон Маск, на кого му ги претставуваат некои од врвните достигнувања на русштината, и како тој се чувствува околу уникатниот изум.

Мемето „ Как тебе такое, Илон Маск?“ (Како ти изгледа ова, Илон Маск?) почнува да се шири меѓу руските твитерџии некаде во 2017, а меѓу првите е слика од акселератор на честички од Будкер институтот за нуклеарна физика во Новосибирск, со наслов: Новосибирските научници открија како да чадат харинга во колајдер.

Преводот на твитот е отприлика „И како ќе одговориш на ова Илон Маск? Пак ќе се загушиш во завист од научните достигнувања на нашата земја!“

Изборот на Маск е заради сите негови претходни достигнувања во што сè не, кои и покрај целата напредност не можат да се мерат со некои од решенијата што се имаат појавено на рускиот дел од интернетот.

Меѓу хајлајтите на мемето се машина за перење на која горниот дел и е заменет со плинска плотна од шпорет, маж со даска од ВЦ шолја околу врат која служи како послужавник, и метла закачена на брисачи.

 

 

 

 

 

23 август 2018 - 13:36