Во битката за правото сами да си ги поправаат машините, уредите, гаџетите кои ги купиле и кои се комплетно нивна сопственост, луѓето доживеаја неочекуван нокдаун откако калифорниското фармерско лоби непромислено потпиша договор со кој земјоделците не смеат ни да ги пипнат машините ниту да набавуваат делови освен од овластени дистрибутери.
Од една страна, договорот кој засега 2,5 милиони работни места, на земјоделците им нуди засилени сервисни услуги но истовремено значи дека ако насред жетва, некоја од тие машини укочи, сељакот не ќе смее ни хауба да крене и ќе треба да чека да дојде овластен сервисер да му направи онборд дијагноза. Не се работи само за тракторите под гаранција туку генерално.
Во врска со тоа „право на поправка“ досега на луѓето во САД им одеше добро бидејќи во 20-тина сојузни држави законодавците беа на праг на потврдување на таква легислатива. Калифорнискиот случај е прв сериозен удар во таа смисла и е значаен бидејќи таа држава често е пример за другите.
Работите во оваа сфера ја комплицираше софтверот кој е сеприсутен, па и во тракторите, а неговата регулација ја брише границата меѓу тоа што е „поправка“ а што „модификација“ и неовластено влегување во заштитениот код на изворот.