Првичната понуда на Нап јорк е 10 долари за половина час, ама по неколку месеци работа и неочекуван наплив на муштерии, цената ја креваат на 15. За редовни муштерии имаат и месечна членарина од 35 долари, за која добиваш по една дремка неделно. Најскапата членарина е 250 долари месечно, Голд премиум, која неделно вклучува 5 дремки до 90 минути.
Освен нема легнување во кревет со чевли, едно од правилата е дека креветите се стриктно за еден човек и дека не може да се резервираат повеќе дремки во серија.
Од компанијата објаснуваат дека најчести посетители им се туристи или бизнис патници на кои им требаат неколку часа да преспијат додека да го чекаат својот лет или состанок. Освен туристи во текот на денот добар дел од посетителите се вработени од околината кои паузата за ручек ја трошат на дремење или туш, кој исто така е достапен како дел од пакетот.
На влегување во Нап јорк, секој од муштериите добива чај и место за одмор, по што се префрлува во гардеробата каде има сопствено шкафче во кое може да го остави багажот и вишокот гардероба.
За сега има вкупно 37 дремални, од кои 28 се бизнис класа а 9 се прва класа.