Мрзливоста можеби е победничка еволутивна стратегија за продолжување на видот или барем одложување на неговото исчезнување. Тоа е една од интерпретациите на новата студија на близу 300 видови кои живееле и изумреле во Атлантскиот океан во период од 5 милиони години. Според наодите, според различните брзини на нивниот метаболизам може точно да се одреди по кој редослед ќе ги снема од планетава.
Биле проучувани гастроподи (црви, полжави, школки, фестони) и нивната историја покажала дека оние видови кои трошат најмногу енергија за секојдневно одржување, на долги патеки се оние кои најбргу согоруваат.
„Колку понизок метаболизам, толку поголема веројатност дека видот ќе опстане“, вели еволутивниот биолог Брус Либерман кој го водел истражувањето на Универзитет од Канзас. „Можно објаснување е дека мрзливоста или барем бавноста води значи помала потрошувачка на енергија и ресурси а тоа е добро во лоши времиња.“
Ама не би била наука ако не ти го зезне ќефот. Ваквите резултати од гастроподите не можат автоматски да се пресликаат кај луѓето бидејќи меѓу нас, најмрзливите најчесто се оние кои најмногу трошат ресурси. Види овде.