30 годишниот Германец Јарослав Бобровски е триатлонец, од онаа Ајронмен дисциплина (4 километри пливање, 180 км точак, 40 километри трчање).
За своите атлетски потреби, се ставил на ригорозен режим на исхрана во кој 20 часа не јадеш ништо и 4 саати буташ колку што можеш.
За несреќа на еден суши ресторан во Баварија, тие 4 часа решил да ги мине кај нив. Платил колку што требало (16 евра) за неограничено јадење а на крај, кога сакаш да остави бакшиш, го одбиле и му рекле дека веќе не е пожелен во тој ресторан. Им изел 100 порции храна.
„Таква ми е диетата,“ јадам колку што ме држи душата, вели човекот кој има слична диета како нашата, само што ние си ја слушаме душата везден.
Медиуми тврдат дека Бобровски сега дере еден друг ресторан за кинеска храна во близина на првиот.