Полјаците од ЕкоЛогична во 2017 година ставиле ГПС следач на еден штрк за да можат да ги мониторираат неговите движења и да се запознаваат со неговите навики за миграција, хранење и слично.
За една година штркот прелетал 6.000 километри а последен пат бил регистриран во долина во јужен Судан.
Тогаш почнуваат радикални промени во неговиот ритам на живот. На Полјаците им биле нејасно зошто тоој одеднаш решил да остане во иста област цели два месеца и да минува само по 25 километри дневно во различни насоки.
Им станало јасно кога добиле телефонска сметка од близу 3.000 евра. Некој им го има фатено штркот, ја извадил СИМ картичката инсталирана во неговиот ГПС и се почастил со 20 часа роаминг муабети.
Инаку Полска се смета за главна планетарна база на штрковите и во неа пребиваат околу 40% од вкупниот број штркови на Земјата.