Шоу биз

Харви Вајнстин смени тактика

Прво демантираше и негираше. Потоа се извинуваше. Најновата реакција му е: све е тоа фино ама јас поинаку памтам.

Дали после Вајнстин на ред е Оливер Стон?

На Патриша Аркет одеднаш ѝ текна дека на времето филмскиот режисер Оливер Стон ѝ пратил букет ружи. Што ѝ било чудно. А другпат пак, ја прашал, „што вака со дечко?“ И ете ти sexual harassment.

Како комичарите го покрија Бил О'Рајли а како Харви Вајнстин

И двата сексуално малтретирале колешки. Првиот конзервативец, вториот либерал. На првиот ток-шоу домаќините душата му ја извадија  За вториот - штама. Освен Џон Оливер (подоцна и Колбер). Двајцата излезени од работилницата на Џон Стјуарт.

Џери Луис како Пантелија Топаловиќ

Џери Луис почина на 91 годишна возраст, еден долг и сочен живот во кој имаше шест сина и една ќерка. Во тестаментот стариот се погрижил ниеден син да не добие ни паричка од неговото наследство.

Џони Деп и живот со 2 милиона долари месечно

Некаде во декември 2016 Џони Деп поднесе тужба од 25 милиони долари против компанијата што му ги менаџираше средствата со тврдење дека му ги спискале парите. Од компанијата вратија во стил "од тебе не можевме да дојдеме на ред".

Скапо платена „ексклузивност“

Оние кои има поверуваа на „инфлуенсери“ како Емили Ратајковски и Кендал Џенер дека на Бахамите ги чека незаборавен фестивал и екстравагантна забава, завршиле како преживувачи во реално шоу, без вода и струја, во нешто што личи на камп за бегалци. Единствена утеха може да им биде дека организаторите ќе завршат уште полошо.

Ќе ми каже некој кој е познатиов со кој се сликам?

Арно викаше Луис СиКеј, Исус да се симне на Земјава, наместо да го гледаат со свои очи (фул резолуција + 3Д) тие ќе ги дигнат телефоните за да снимаат и типот кој го чекаме 2.000 и кусур години ќе го зјапаат низ екранче.

Одлази циркус....

Она што кај Балашевиќ беше метафора, интернетот го претвори во реалност. Не знаеме во каква финансиска форма е „Медрано“, ама најстариот американски циркус го склопува шаторот.

Бил Мареј доби Марк Твен за комедија

Многу повеќе ќе сакав ако ми пишевте дека сум ја добил наградата, отколку да доаѓам тука да ја земам, им изјави Бил Мареј на новинарите на црвениот тепих пред влегувањето на церемонијата.

Чистка на мршојадците околу наследството на Принц

По смрта на Принц, неколку десетици луѓе се ставиле на ред да чепнат од неговото наследство. Судот ја зема метлата и ја расчисти тоа баграта. 

Не можеш да им бидеш кул на своите деца

"Сигурен сум дека дури и Стинг не им е кул на неговите", рече Лири кај Џими Фелон присетувајќи се на моментот кога Бијонсе ја упропастила неговата најголема шанса да испадне фраер пред ќерка му и нејзините другарки.

Шинед и Арсенио ќе се судат околу Принц

Ирската пејачка го обвини Арсенио Хол дека му бил главен набавувач на тешки дроги на неодамна починатиот Принц. Овој ѝ возврати со тужба од 5 милиони долари.

Од картон да е, Бибер да е

Лудилото по музичките ѕвезди на тинејџерите достигна нови нивоа. Фанови на Џастин Бибер решиле дека вреди да се плати 2.000 долари за можност да се сликаат со - картонска верзија на својот идол.

Кит Ричардс вадел нож заради Доналд Трамп

Добра приказна е ова. Освен гитарата, јетрата и здравјето, Ричардс отсекогаш одлично го служела и интуицијата. Во оваа приказна тој и Трамп не се среќаваат, ама, за да остане така, гитаристот на Стоунси морал да потегнува нож.  

Колку плаќа ТМЗ за скандалозни селебрити видеа

Парите се трошат за поткупување на возачи на лимузини и вработени во хотели, а добар дел ги добиваат и случајни минувачи кои биле доволно прибрани за да извадат мобилен и да снимаат.

Мартин Шкрели дебело се лизна на Кање Вест

Мартин Шкрели посака да го купи новиот албум на Кање Вест, топтан, само за себе. Му понуди прво 10 па 15 милиони долари. На крајот ги дал парите и го купил. Ама, не е тоа баш крајот. На крајот, Мартин Шкрели на Твитер крикна: КОЈ ГИ ИМА МОИТЕ МИЛИОНИ?

Ана Винтур и митот за кучка

Шкртоста во давање интервјуа и поврзувањето со ликот на Мерил Стрип во Ѓаволот носи Прада, е комбинацијата заради која перцепцијата за главната уредничка на Вог се сведува на тоа дека таа е - кучка, без разлика колку класификацијата е нерелевантна и безвредна.

Еми-то на Џон Хам и лекцијата за неуспехот

Дури во осмиот последователен обид Џон Хам успеа да освои Еми за најдобар актер во драма за улогата на Дон Дрејпер. Кога ја доби наградата, за секој случај праша да не е грешка.

ФБИ досието на Џорџ Карлин

Во 1969-та тогаш 25-годишниот Џорџ Карлин се појавува во шоуто на Џеки Глисон. Ова е првиот момент кога ФБИ се интересира за комичарот.

Понизното збогум на Џон Стујарт

По 17 години како ѕвезда, Џон Стујарт даде се' од себе за неговата последна вечер на Дејли Шоу да биде за било кој друг само не за него - и речиси успеа, пишува Дејвид Симс во испраќањето на Стујарт.

Фифти сентс, завршна сметка

По објавувањето банкрот (ама не од тој најлошиот, уште има пари човекот), Куртис Џексон мораше да се појави во суд, каде неверувањето околу неговиот банкрот го бранеше објаснувајќи "накитот и автомобилите ги враќам во продавница."

Писмо до Летерман

Ние луѓето имаме чудна навика. Земаме важен или апокалиптичен настан и потоа, со тек на време, нашите оштетени мозоци го масираат тој настан и постепено го претвораат во "неизбежен." Секако дека Едисон ја измисли сијалицата – Едисон е, што друго ќе прави? Секако дека ги победивме нацистите. Јасно е дека Твикс мора да биде поделен во две одделни стапчиња бисквит покриен со чоколадо.

Кога Луи прв пат виде пари

Во 2012-та Луи Ц.К. заработи 4,5 милиони долари за помалку од 2 дена откако реши сам да го продуцира и продава својот стендап специјал. Слично постапи и годинава. Ваквото  ризикување со пари е многу поразлично од неговото однесување на почетокот од кариерата.

Дали Спрингстин е доволно земјоделец?

Во песната Badlands, Босот пееше: "Working in the fields till you get your back burned." По неодамнешните даночни измени во Њу Џерси, Гардијан вика дека Спрингстин би можел да го смени стихот со "Owning the fields till you get your tax paid."