Фрлачот е извесен Кристијан Енгладнер, кој го тужи Шапел и уште еден маж за кој се претпоставува дека е обезбедување на комичарот, по основа дека два пати бил залупан од телохранителот додека бил отстрануван од стендап клубот.
За делото Енгладнер е обвинет за напад и нарушување на јавен ред и мир, меѓутоа случајот е прекинат затоа што Шапел одлучил да не учествува во судењето. Човекот тврди дека инцидентот не бил расно мотивиран, туку дека кората од банана ја фрлил затоа што бил изнервиран од нешто што Шапел го рекол на сцена.
„Бананагејт“ е дел од „Deep in the Heart of Texas“ стендап-от на Шапел.