Многумина млади фанови од армијата на Џастин Бибер беа разочарани кога тој и неговиот менаџмент тим објавија дека пејачот нема да се слика и муабети со фанови за време на неговата најнова "Purpose" турнеја по САД. Објаснија дека таква одлука делумно е донесена заради безбедносни причини.
Но, кај остатокот од светот чуденки допрва се јавија откако се дозна дека дел од фановите решиле да не ги вратат своите ВИП карти од по 2.000 долари кои овозможуваа и фотографирање со идолот. Фотографирање има и сега, само овојпат со исечена фигура на Џастин Бибер изработена од картон.
И се сликаат, гајле немаат.
Претходно Бибер објасни дека ваквите средби знаат да бидат исцрпувачки:
"Уживам во средбите со различни луѓе но на крајот завршувам исцеден и преполн со спиритуалната енергија на другите, што ме прави исцрпен и несреќен. Сакам да ги правам луѓето среќни и насмеани но не на моја штета и секогаш завршувам толку емотивно празен што сум на раб на депресија.... Притисокот да одговорам на туѓите очекувања и да бидам она што тие очекуваат да бидам ми стана преголем товар", објасни неодамна живата верзија на картонот.