Судија во американската сојузна држава Минесота исклучи 29 лица од процесот на делбата на наследството на Принц кое се проценува на 300 милиони долари.
Музичарот кој на 57 годишна возраст почина од предозирање со фентанил немаше деца а не остави ни тестамент што многумина го видоа како прилика да тврдат дека на ДНК и други основи имаат право на дел од наследството.
Судијата наредил дополнително генетско тестирање за шестмина кои се колнат дека се во роднински врски со Принс: браќа, сестри, полубраќа, полусестри, две жени тврдат дека се внуки а има и внук од една од наводните сестри.
Меѓу отфрлените пријави има една од затвореник во Колорадо кој тврди дека е негов татко и од жена која вели дека биле венчани ама ЦИА го држела бракот во тајност.