Во подкаст со гостинската уредничка на Вог, Андре Леон Тали, Винтур го објаснува својот стил на работа, и најзначајната одлика што ја наследила од нејзиниот татко, инаку долгогодишен уредник на Лондон Ивнинг Стандард, Чарлс Винтур - одлучноста.
"Израсната сум во семејство на новинари, и мајка која беше длабоко посветена на човечки права, па мислам дека комбинацијата на овие две огромни влијанија беше многу, многу важна за мене. Јас можев да го следам татко ми со години и години - тој беше уредник речиси исто колку што и јас сум уредничка. Научив што значи да си уредник, барем така мислам. Научив колку е важно да се води и да се биде одлучен, и на некој начин да ги поттикнуваш луѓето да го дадат најдоброто од себе. И мислам дека токму ова е она на кое најмногу се гордеам во септемвриското издание, дека на многу луѓе им беше дадена многу слобода, и сите тие вратија со успех...
Има ли нешто заради кое жалиш што си во Вог? Има ли воопшто нешто за што ти е зажалила?
Па не, не се каам за ништо. Секако дека сме правеле грешки, ама се обидуваме да учиме од нашите грешки. И најважната работа секогаш е да одиме напред, да ги поттикнеш луѓето да го дадат најдоброто, и да водиш. Мислам дека луѓето го почитуваат тоа, и подобро работат под вакви услови.
Разговарав за слична ситуација вчера на ручек, за тоа што го прави еден политички кандидат да биде голем. Чувствувам дека тоа е неговата енергија, неговата виталност, и чувството дека ќе ги води луѓето во правец во кој можеби претходно не биле, и не знаеле дека можеле да го постигнат. И во многу, многу, помала смисла, тоа е она што човек се обидува да го постигне тука во Конде Наст."