Шоу биз

Порното е пофеминистичко од Холивуд

И пред и позади камерите, порно индустријата е пофеминистичка отколку Холивуд, смета порно ѕвездата со српско потекло Стоја (име одбрано по презимето на баба ѝ, Стојановиќ)

Луѓето што одлучуваат за Златните глобуси

Здружението на странски новинари во Холивуд (организатори и жири на Златните глобуси) брои 87 членови, од кои најголемиот дел "ниту се странски, ниту се новинари." За споредба, Академијата за Оскарите има околу 6.000 членови.

Зошто Бијонсе има твитнато само 8 пати?

Затоа што девојката има нешто што се вика "дигитал менаџер" па така процениле дека треба.

Кога Холивуд се гушка

Небитен ама занимлив детал откри Џим Кери на гостувањето кај Хауард Стерн, за тоа какви им биле односите со Томи Ли Џонс за време на снимањето на Бетмен. И кога овој му кажал што мисли за него.

Киријата на Роберт Де Ниро

На стари години, Де Ниро со госпоѓата решава да се пресели во нов стан во Менхетен. Дали не верува дека уште многу долго ќе го користи, па наместо да плаќа полна цена, актерот реши да го земе станот под кирија.

Celebgeddon: Денот кога интернетот беше преплавен со приватни фотки од славните

Џенифер Лоренс, Кејт Аптон, МекКајла Маруни се само дел од ѕвездите чии угол голи приватни фотографии се појавија во еден ден на интернет. Локацијата за истурање на купот повторно беше 4chan.

Зошто не доаѓа Принс во Скопје?

Главно, затоа што кошта 2 милиона долара за концерт. А и да се најде луд да му фрсне толку пари за да ни дојде на Кале, пола луѓе ќе мрчат дека го носат доцна и дека требало пред 15 години. Имаме супер интересни листи за тоа кој колку чини од уметниците и другите познати ликови. Тони Блер доаѓа за 200 бона ама Субрата Рој знае дека се тоа џабе фрлени пари.

50 години папараци фотки

Половина век чекаат во заседа и буричкаат по ѓубрињата на познатите. Навидум никој не ги сака и никому не му се потребни, освен на публиката која масовно ги голта нивните производи.

Лов на Црвениот Тјуб

По оној на Роџер Вотерс за Стоунси, пренесуваме за уште еден повик за бојкот: порно индустријата против Семјеул Л. Џексон.

Холивуд со задни намери

Режисерот на X-Men и The Usual Suspects, Брајан Сингер, е во центарот на аферата која открива како моќни холивудски фаци користат млади, некогаш и малолетни момчиња за свои сексуални ќеифи. А на овие дружењето со големците им личи на почеток на остарување на нивниот сон, кој често завршува како кошмар.  

Не го прашуваш Кевин Спејси за приватни работи

Кога ќе дојде до откривање детали од неговиот живот, Кевин Спејси го решава проблемот онака како што тоа би го решил Френк Андервуд, неговиот карактер оd House of Cards: Нема што муабет да се прави за тоа.

Победникот носи сè

Аба изгледаа како што изгледаа не само зашто такво беше времето туку затоа што според шведските закони, ако е доволно лоша за да не може да биде носена на улица, одредена облека може да биде ослободена од данок.

Полицаец воспитно го исплеска Канје

Том Круз партал го направија откако ја спореди тежината на својата работа со онаа на американските војници во Авганистан. Кога истото го изјави и Канје Вест, сите му преќутеа, толкувајќи го го тоа како еден од неговите бројни его излети. Сè додека еден полицаец од Охајо не седна и му напиша одговор.

Една е мајка

Кога пред неколку години го шокираше светот (ова малку условно де) со најавата дека дефинитивно се повлекува од снимање порно филмови, тоа го објасни потсетувајќи дека има деца. Денеска повторно се враќа пред камерите, од истите причини.

Марина Абрамовиќ да се пензионира

Оние кои стојат зад ваквата акција не ја потценуваат пионерската улога на Марина Абрамовиќ во светот на уметничкиот перформанс. Само мислат дека е крајно време малку да (нè) олабави.

Што би ѝ пишал Спрингстин на Мајли?

Веројатно би му било битно да ѝ објасни во што е разликата да си во центарот на внимание затоа што: а) те сметаат за иднината на рокенролот и б) затоа што го триеш задникот и лижеш чекан.

Шинејд и Мајли ја направија голема

Започна со "мајчинските" совети на Шинејд до помладата колешка од естрадата. Па Мајли одговори безобразно па Шинејд се шокираше и сега најверојатно ќе се влечкаат по судови.

Холивуд убер алес

Меѓу Хитлер и Холивуд постоел сосема солиден пакт и во 30-тите и во 40-те години на минатиот век, открива истражувач од Харвард. Соработката течела беспрекорно иако добар дел од главните луѓе на тогашен Холивуд биле Евреи.

Рокенрол гранапџии

Пиво, вино и други начини на кои рокерите ги одржуваат своите приходи откако престанаа да продаваат музика.

Житието на Џон

Генијалниот Џон Клиз веројатно се помалку верува во химната на својата дружина "Always look on the bright side of life". Она што мора да го прави на свои 73 години за да исплива од разводот, британските медиуми го најавуваат со: "And now, something completely DESPERATE".

Лустрација на Вајат Ерп

Вајат Ерп е еден од најиконичните американски делии: ја зема правдата во една, пиштолот во друга рака и оди да го тепа олошот. Сè е тоа фино само што - нема врска.

Пoлноќ на авторските права

Вуди Ален и Сони мораа судски да докажуваат дека не ги повредиле авторските права на Вилијам Фокнер (умрен пред пола век) затоа што употребиле негов цитат во филм. Колку е таа ситуација со авторските права забегана говори и фактот дека ослободителната судска пресуда морала да биде образложена на цели 17 страници.

Ѕвезди за рентање

За колку пари богатите и славни ѕвезди се изнајмуваат себе си, на многу, многу, многу богатите ама и помалку славни.

Џастин Тимберлејк и правилото "AC/DC"

Џастин Тимберлејк се врати на сцената со својот трет соло албум во последните 10 години и направи крш по топ листите. AC/DC би знаеле на што се должи ваквиот успех.