Кога Холивуд се гушка

Небитен ама занимлив детал откри Џим Кери на гостувањето кај Хауард Стерн, за тоа какви им биле односите со Томи Ли Џонс за време на снимањето на Бетмен. И кога овој му кажал што мисли за него.

Стерн го праша Џим Кери дали биле вистинити гласините дека меѓу нив двајца не било сè најдобро уште за време на снимањето на Бетмен форевер,

"Се најдобро? Томи ме мразеше!" призна Кери кој се радувал што ќе снима со Томи Ли но овој испаднал доста незгоден.

"Мислам дека причината беше што Dumb and Dumber излезе во исто време кога и неговиот Cobb, филм од кој тој многу очекуваше но мина доста слабо", рече Кери кај Стерн.

Томи ли Џонс му кажал што мисли за него уште на првoто запознавање, кога куртоазно се прегрнале а Џонс тивко ама јасно му шепнал:

- Те мразам.

Кери прашал што е pричината за мразењето а Томи Ли Џонс ладно му објаснил:

- Не можам да поднесам како се глупираш.

1 ноември 2014 - 14:32