"Ако Кабс не победеа синоќа ќе мораше да бидам таму. Затоа што искрено не им верувам на медиумите да ја пренесат приказната," порача Мареј на доаѓање.
Марк Твен наградата ја доделува Џон Кенеди центарот, и му се дава на човек што имал значителен придонес кон американскиот хумор.
Церемонијата започна со инструменталка од Истерувачи на духови, па следува говори од Азиз Ансари, Џејн Куртин, Сигурни Вивер, Пол Шејфер и Дејвид Летерман. Откако ја доби наградата и заврши со својот дел од говорот, Мареј ја даде статуетката од Марк Твен во публика да сврти круг кај сите присутни.
"Колку што го мразев ова, толку некако дојдов на идејата дека: постои љубов," изјави Мареј во говорот за прифаќањето на наградата.
Проблемот да се донесе некаде Бил Мареј или да биде точен, го спомна и Џими Кимел, нарекувајќи го "ирскиот Ел Чапо," а и самиот Мареј една недела пред церемонијата за Вашингтон пост изјави дека попрво би бил на плејоф натпреварот на Чикаго Кабс (ако стигнеа до 7-от натпревар), отколку да присуствува на доделувањето на наградата. Сличен впечаток имаше и Бил Хејдер, кој порача дека ако Кабс стигнеа до 7-ми натпревар, "ќе дававме награда на празна столица."