Шансата за тоа ја видел во една добротворна модна ревија на која тој бил водител а настапувала Бијонсе. Па ѝ предложил на ќерка му која тогаш била тинејџерка да собере другарки од школо и да дојдат, ќе им даде бекстејџ пасови и после ќе ги запознае со Бијонсе.
Приредбата биднала, тој ги повел девојките кон соблекувалната на Бијонсе кога таа излегла а Лири ја поздравил:
- Одлична беше вечерва, Бијонсе!
- И ти, Брајан - одговорила Бијонсе очигледно помешувајќи го со Брајан Адамс.
Лири не ни пробал да ја исправа грешката а кога ќерка му му рекла: "Тато, Бијонсе мисли дека си Брајан Адамс", татко и ѝ рекол:
'Слушај, ако таа мисли дека сум Елен ДеЏенерес, тогаш сум Елен ДеЏенерес. Бијонсе е тоа. Нејзината е последна'.