Пороци

Навлечени на опиум. Навлечени на опиум. Навлечени на опиум.

Земјоделци во Индија се принудени да организираат деноноќни стражи на своите плантажи со афион. Не заради луѓе туку заради папагали. Птичурините ги сконтале ефектите од билката и не можат да се нафтасаат. Кај и да е, ќе почнат пити да прават.  

Или математикава е погрешна, или ние требало да живееме 300 години

По ново, секоја дополнителна кригла пиво (од 0,5) ти го скратува животот за 15 минути. Дополнителна над колку? Над 5 пива неделно.

Вискито на Лидл од 16 евра прогласено за најдобро на свет

Наспроти сите очекувања титулата не доаѓа од газдата на Лидл, туку од нешто што се нарекува Светски виски награди во организација на Виски магазинот.

Марихуана вс. квалитет на сперма

Лоша вест: Харвард решава да го истражи влијанието што марихуаната го има врз спермата. Добра вест: нема лоша вест.

Колку многу бонус има во 2 милијарди долари

1.500 вработени на Џул, производителот на електронски цигари, ќе поделат Божиќен бонус од 2 милијарди долари кој ќе им биде исплатен од Алтриа (поранешен Филип Морис) како дел од договорот за купување на удел во компанијата за е-цигари.

Мамурлак: утрото потоа и човечката потрага по чаре

Или е најпожртвуваниот човек на светот за доброто на своите мамурни браќа и сестри или е некој кој фино ја маскирал својата заљубеност во алкохолот со алиби дека го бара најдобриот лек за мамурлук за да го сподели со другите. Вика го нашол, а ние па имаме и линк.

Коцкарски програмиран мозок

И покрај тоа што знаат дека шансите им се мали, луѓето продолжуваат да се коцкаат затоа што и добивањето џекпот и  губењето добивка „за влакно“ го доживуваат на подеднакво возбудлив начин.

Филип Морис започна кампања против пушењето

Тобако гигантот најде начин како маркетиншки да се појави во услови кога постои глобална забрана за рекламирање цигари и пушење. Реклами непушење.

Во виното е паметот

Дегустирањето вина може да го стимулира мозокот многу повеќе откоклу некои други активности, како на пример решавање тригонометриски проблем. Па вие удрете математика. 

Марата задими меѓу старите

Како што попушта законскиот притисок и се одвива нејзината општествена рехабилитација, марихуаната почнува да се шири во интересни демографски светови. Меѓу постарите од 65 години, бројот на оние кои се дружат со канабисот пораснал дури за седум пати.

Бизнисот со нелегална марихуана цвета дури и кога има државна марихуана

Како што легалните продавачи на марихуана почнаа да се раскомотуваат во бизнисот, тие полека открија дека пазарот на црно и понатаму на многу начини е попрофитабилен отколку работење по прописи.

Не е дрога сè што е бело

Американските власти неодамна објавуваат дека во организирана акција заплениле дрога во вредност од 2 милиона долара. (Погледни наслов.)

Мерак на мамурлак

Бидејќи немаме ништо добро да кажеме за мамурлакот (освен дека е единствениот процес кој те штити од самоуништување), директно ќе минеме на наука, а според неа многу е веројатно дека си подеднакво зависен од мамурлакот како и од процесот што доведува до него.

Нашмркана генерација лицемери

Иако трговијата со кокаин уништува и разорува животи на глобално ниво, користењето на дрогата меѓу „општествено ангажирани“ млади е повисока од кога и да е.

До легализацијата и по неа

Канада деновиве ја легализираше марихуаната и иако секој регион тоа го спроведува на свој начин уличните дилери кои разговараат со Гардијан и не се нешто преплашени за својот бизнис, објаснувајќи – ништо страшно, ние ви носиме до дома, овие ве тераат да одите во продавница.

Европското бело сјае од чистота

Кокаинот на европските улици моментално е на најчисто ниво што бил во последните 10 години, тврдат луѓе кои службено го следат ова.

Зошто бе дедо комплицираш?

Човекот кој го гледате на сликата сака да се откаже од пушење, но не е тоа веста. Веста е дека тоа го сака на 114 години.

Отпадот од кафе стана поскап од самото зрно кафе

Лушпата од кафе која одгледувачите со генерации стандардно ја претвораат во природно ѓубриво ама почесто ја фрлаат во отпад, по сосема неочекувано откритие на една одгледувачка од Ел Салвадор се претвори во суво злато за фармерите.

Испичутури светски ги исцицаа Јапонците

Сантори ќе престане да продава два свои бренда на виски, 12-годишно Хакашу и 17-годишно Хибики, затоа што им го испија целото.

Веројатно побрзо ќе ти стигне кокаин до дома отколку пица

Доставата на кокаин директно до пред врата е побрза отколку доставата на пица. Барем така тврдат луѓе.

Бела Европа

Студија рангира 60 градови од 19 европски земји според потрошувачката на кокаин во нив, и вади резултат дека од топ 5, три се швајцарски градови. Што и не е чудо во конкуренција во која има 14 градови од Финска и 10 до Белгија, а ни еден од Романија, Бугарија или Србија.

Точно е за она за клинот, само сменете клин

Научна студија сугерира дека марихуаната го штити џигерот од злоупотребите на алкохол. Да. Гледате како тоа некој „горе“ фино го смисил. А потоа луцидниот народен гениј кој има отворени чакри кон вишите сфери, тоа умешно го преточил во препораката „лута трава на лута рана“. А дел од вас упорно верува дека ќе бидете во божја милост ако - не мрсите во петок.

На браникот на борбата против дискриминацијата

Откако четврти пат е уапсен како вози пијан, маж од Тексас бара укинување на неговата 4-годишна затворска казна по основа дека - границата за возење пијан во Тексас е дискриминаторска кон алкохоличарите.

Кај што трева ќе удри, криминал не расте

Намалувањето на криминалот беше еден од аргументите кои се користеше во битката за легализација на марихуаната. Сега се имаат и првите податоци за тоа. Така е.