”Нашите откритија покажаа дека иако реалниот резултат е загуба, мозокот реагира на ист начин како при победа. Во коцкарските игри, како слот машините, каде победата е случајна, промашувањето не дава сигнал за идниот успех”, објаснува лидерот на истражувањето, др. Лук Кларк од универзитетот Кембриџ.
15-те доброволците кои учествувале во студијата не биле ниту редовни, ниту проблематични коцкари, што значи нивниот мозок реагирал на сосема природен начин.
Анализата покажала дека џекпотот ги активира оние мозочни региони за кои било познато дека реагираат на природни награди како чоколада и дрога. Истите тие области станувале активни и во ситуациите кога за малку ја губеле добивката.
При опишувањето на чувствата, загубата за влакно испитаниците ја оцениле како непријатно искуство, но признале дека тоа ги терало да продолжат да се коцкаат.