Паркот со тек време стекнува репутација на место на кое се тераат најразлични нарко-трансакции, што им ја нарушува лагодноста на регуларните посетители и шетачи низ него.
Откако подолго време полициски акции и работа не ги даваат посакуваните резултати, одговорните за менаџирање на паркот се решаваат на преформулирање на прашањето од проблем со наркоманија во локациски проблем, и по ново одлучуваат да оформат посебни розови зони во кои нарко-дилерите ќе можат да тераат работа, а притоа да не им попречуваат на другите посетители.
Дел од реакциите се позитивни во однос дека посетителите повеќе нема да се преплашуваат од пресретнување групи дилери кои оперираат во паркот, обично на неговиот влез.
Од друга страна потегот се смета за капитулација на германските власти пред криминалните банди.
За сега не се знае како точно ќе функционира кохабитацијата меѓу нарко-дилерите и берлинската полиција, и кои точно производи овие првите ќе имаат право да ги понудат во паркот.