Во групата 50-65 години бројот на оние кои користат - што за медицински, што за рекреативни потреби - марихуана се дуплирал а убедливо најголем скок има кај највозрасните.
Податоците се однесуваат на САД и се извлечени од анализа на мостра од 17.000 возрасни лица. Кај оние 50-65 уживатели има околу 9%. Во истата групација, 54,5 проценти рекле дека во некој момент во животот имале контакт со марихуана.
Дел од новите возрасни фанови на канабисот се почетници а некои се повратници, го користеле во младоста и сега на стари години повторно му се враќаат.