Кај Тајсон се пафка трева за 40.000 долари месечно

Плантажата на марихуана која ја поседува Мајк Тајсон е еден од неговите најлукративни бизниси. Пoранешниот светски шампион во бокс не трпи вишоци роба па енормни количини се трошат за сопствени потреби.

Во последниот подкаст на "Hotboxin' with Mike Tyson" Мајк Тајсон призна колку пари троши на благородната психоактивна билка.

„Колку знаеме ние месечно да испушиме? Дали е тоа околу 40.000 долари?“, го праша Тајсон неговиот партнер во подкастот,  Ебен Бритон, поранешен НФЛ ихрач кој стана проповедник на марихуаната.

„На ранчот пушиме по 10 тона марихуана секој месец,“ прецизираше Бритон референцирајќи на ранчот на Тајсон голем 160.000 квадратни метри на кои се одгледува марихуана.

Тајсон го отвори ранчот бргу после новите калифорниски закони за рекреативна марихуана кои беа донесени лани. Се продаваат 9 вида канабис, екстракти а наскоро ќе се прават и колачиња. На ранчот има и резорт за гости, амфитеатар и дел за луксузно кампување.

 

15 август 2019 - 12:35