Човекот е од Австралија, и не е таму некоја новинарска супер-ѕвезда туку е одговорен за крикет секцијата во австралиски весник, и уредник за пиво во истиот.
Тоа е тоа за нашата драма, што се однесува на драмата на новинарот Питер Лалор, таа му се случува во Малмесон хотелот каде пие едно (1) пиво. Кога ја плаќа сметката, Лалор гледа дека му е наплатена некоја чудна сума, па веднаш го алармира менаџерот на хотелот.
Двајцата се согласуваат дека е грешка, а менаџерот ветува дека ќе му помогне да ја расчисти грешката со банката. Лалор и не е многу загрижен околу целата работа затоа што не очекува дека неговата банка ќе авторизира таква трансакција.
Е па, авторизирале, а утредента се буди со телефонски повик од сопругата, која ја открива дупката во нивната сметка.
На крај банката прифатила дека станува збор за грешка и парите на Лалор ќе му бидат вратени, само за тоа ќе почека десетина дена.
Пивото што го пие Лалор е Deuchars IPA.