Музика

Семпл е, ама комплициран

Култниот бенд од 90-тите, Де Ла Соул, реши да јa дигитализира целата своја музика и за Валентајн да им ја понуди на своите фанови бесплатно. Зашто поевтино е да не заработиш ништо отколку по судови да плаќаш милиони за секој што ќе си познае семпл во тојата песна.

Кога Том Вејтс ќе ти склепа песна на нога

"No One Can Forgive Me But My Baby" е една блуз класика за која многумина мислат дека е на Бо Дидли. Приказната е многу поинтересна.

Тепачката што никако нема ништо да реши

Крајно нервозниот рапер DMX, закажа боксерски меч со Џорџ Зимерман, човекот кој беше ослободен од обвинението дека го убил 17-годишниот црнец Трејвон Мартин. Ферката е потврдена и од TMZ.

Не е Дилан ако не те разочара

Боб Дилан некогаш снимаше песни кои беа химни на општествените промени. Денес Боб Дилан снима реклами за Викторија Сикрет и Крајслер. Но, тие што го познаваат неговиот монументален опус знаат дека човекот барем во една работа се нема сменето: во тоа што обожава да ги разочарува фановите. 

Принс од 22 фана бара 22 милиона

Принс тужи 22 интернет корисници меѓу кои добар дел сигурно се негови фанови и од секој од нив бара по еден милион долари затоа што му пиратирале снимки од концерти.

Хармониката станува кул

Освен во крајпуташките балкански крчми каде што сè уште жилаво се држи, хармониката е во дефанзива уште од раните 60-ти години на минатиот век, кога ја убија Битлси и слични дрогераши со гитари. Но, во последно време повторно станува кул, а влегува и во рокенрол халата на славните.  

Хејтерите на Битлси

50 години по нивното прво појавување на Би Би Си, за Битлси едногласно се мисли како за поп генијалци чија музика лесно ја освои публиката. Не баш. Повеќето слушатели на времето мислеле дека се шкарт.

Како Iron Maiden заработи од пиратите

Бендот собрал прецизни податоци за тоа во кои места најмногу е пиратирана нивната музика. Но, не за да се ебаваат по судови и да тужат туку за да знаат каде да закажат концерти. Заработиле милиони.

Зошто ѕвездите ги отпуштаат своите менаџери

Неколку дена пред пуштањето на третиот албум, Лејди Гага се раздели со својот менаџер Трој Картер. Кратко по ова и Џон Мајер ја отпушти својата менаџерка. Трент Резнор го отпушти Џим Гуеринот, за да потпише за агенцијата што ги води Фу Фајтерс и Квинс оф Стоун Ејџ.

Архангел минус Вртев плус Тања

Гино, Џоле, Мите и Тања. Се викаат Темпера, ова им е првиот хит. Тазе - најтазе. 

Загарантирана откупна цена за емпетројки?

Секој пат кога некој ќе пушти песна на музичкиот сервис Спотифај, сопственикот на авторските права на песната добива меѓу 0,2 денари и 0,38 денари. По оваа математика, за бендот / артистот да заработи 1 денар неговата песна треба да биде пуштена 5, односно 3 пати (во зависност од тарифата).

Аудиција за метро

Ниту еден од околу 300 музичари што свират низ метрото во Париз не е таму случајно. Секој од нив има лиценца, која ја добил после аудиција за позицијата.

20 стапки од славата

Најчесто се девојки, најчесто имаат одличен глас и најчесто никој (надвор од екипата) нема поим кои се тие. Сега еден документарец ги седнува Џегер, Спрингстин и компанија, да зборуваат за луѓето што им чуваат грб.

Кочани оркестар во живо

Жив албум на Кочани оркестар од три нивни свирки во Италија кога на сцена им се придружуваат двајца врвни италијански џез музичари.

Ќе го скинете Еминем?

Еминем повторно е трезен и - брз. Има нов сингл, "Rap God", 6 минути речиси постојано и горе-долу разбирливо рапување, ама, има и едно делче на кое ќе се напнете.

Разговори со Pearl Jam

Секому во шоу бизнисот му е потребен публицитет кога промовира нешто ново. Секс скандал, кавга, тепачка, вадење јазик и лижење чекан... Прл Џем се поинакви.

Писмото на Шинејд до Мајли

Откако во интервју за Ролинг Стоун Мајли Сајрус ја наведува како влијание во својата кариера, Шинејд О'Конор решава да ѝ напише отворено писмо на пејачката, во кое најискрено ја предупредува да не дозволи да биде искористена. Ова е писмото во целост:

Зошто сакаме тажна музика

Дилемата е околу тоа што тажната музика може да предизвика силни емоции, но и покрај тоа типот на тага предизвикан од музиката во исто време е и пријатен на некој начин.

Нирваната пред години

Oна што остана од Нирвана, тапанарот Дејв Грол и басистот Крист Новоселиќ, во интервју се отворија во врска со правењето на In Utero - времето кога биле само деца во студио, снимајќи го она што ќе стане последен студиски албум на нивната група.

Како ја правевме "London Calling"

1979-та, панкот е во полна сила. Клеш во него вбризгуваат реге, рокабили и соул и излегуваат со "London Calling". Насловната песна станува една од највлијателните ангажирани политички химни на сите времиња. А не била мотивирана од политиката туку од - стравот од поплава.

Музика од празните џебови

Ретко кога и некаде било лесно да се живее од музика. Освен ако не си Вагнер па го имаш Лудвиг Втори за мецена, или имаш влада како нашава која ќе субвенционира песни како да е тоа стратешки производ. Последниот тренд во музичката индустрија е стримингот, односно заработка по одслушана песна. За авторите, тоа значи дерење кожа.

Елвис ова го нема слушано

Ова е една од последните снимки на Елвис Присли за која се претпоставува дека и самиот ја нема слушнато.

Пол Ален издаде рок албум

Ко-основачот на Микрософт во средношколските деновите имал само две желби, да програмира и да свири гитара. На 60 години, му дошло време да си ја исполни втората желба.