Последен член на клубот е Ејми Вајнхаус, која почина во 2011-та, а во него меѓу другите се и Џими Хендрикс, Џенис Џоплин и Џим Морисон.
Во 2011-та, британски истражувачи седнаа да видат што е работата со клубот на научна основа. Тие го споредија просечниот животен век на 1.500 рок ѕвезди со остатокот од популацијата на нивна возраст и националност (пример, Елвис Присли е спореден со просечниот животен век на белец кој е роден во иста година со него). Резултатите се дека американските рок-ѕвезди имаат 87,6% шанси за ист животен век како и остатокот од популацијата, што е најниската стапка во споредба со која било друга група. Исто така, европските рокери било далеку поверојатно да умрат млади, отколку неевропските. (Кит Ричардс?)
Во истражувањето е откриено дека најчеста причина за смртта била предозираност со дрога или алкохол. Ова се поклопува и со "членовите" на клубот 27, од кои мнозинството ги имаат токму овие проблеми. Други автори кои ја обработуваат темата, нагласуваат дека најголемиот дел од членовите во клубот имаат "сериозно проблематично детство."
Уште една карактеристика за членовите на клубот се проблематичните љубовни врски. "Болката привлекува болка, музичарите кои користат дрога често привлекуваат, без разлика дали волно или не, други корисници на дрога во својот живот." Најголемиот дел од членовите на клубот, за време на својата смрт биле во врска со корисници на дрога.
"Има долга листа на рокери кои умреле прерано, помлади или постари од 27 години. Ама членовите на Клубот 27 го добиваат целото внимание затоа што терминот помага да се продава и затоа што смртта на овие луѓе предизвика најмногу гласини. Авионските несреќи, на пример, имаат убиено неверојатно голем број талентирани уметници (Бади Холи, 22 години; Отис Рединг, 26 години), ама авионска несреќа не може да се спореди со интригантноста на преголема доза дрога. Вестите за крајот на Морисон во када во Париз, 4 децении инспирираат гласини. Шпекулациите за смртта на Кобејн се бескрајно фасцинантни. Извештајот за авионската несреќа на Рединг беа подеднакво трагични, ама ни приближно мистериозни. Па, мистичноста на клубот само растеше," пишува Закари Стоккил за ПолисиМик.
Студијата исто така само го потврдува она што на големо се забележува, дека денешните рокенрол ѕвезди по однесувањето се само бледа копија на она што го правеа нивните претходници од 60-те и 70-те, и дека водат далеку поздрав и поумерен живот од нив.