"Мораш некого да обвиниш кога албумот не ти се продава," изјавил еден неодамна отпуштен менаџер, наведувајќи го неуспехот на последниот албум на Мајер и дебаклот на АРТПОП на Гага (кој имаше пад на продажбата од 82% во втората недела од излегувањето).
Според основачот и ЦЕО-то на Прајмари Вејв, честа причина за прекинување на долгогодишната соработка е тоа колку ѕвездата е задоволна од работата: "Музичкиот бизнис секоја година станува се потежок, ама нивото на услуга која се очекува од менаџерот или компанијата не е променет, а во одредени ситуации е и зголемен."
Гневот на музичарот може да биде и во тоа што неговиот менаџер работи и со друга голема ѕвезда (како што беше случајот со менаџерот на Гага, кој работеше и со Џон Леџенд).
Фактор е и типично нарцисоидното однесување во кое музичарот верува дека успехот е само негова заслуга.