Свет

Да му се изгуби GPS-от на комшијата

На најдобрата Кореа може не и успеа да ја лансира ракетата, ама затоа најде други начини како да го нервира Југот.

Кинескиот приемен пекол

За тие што се подготвуваат за приемен на факултет: Гола вода сте. Следниот пат кога ќе се жалите колку е тежок приемниот нека ви текна на ова - во Кина, вашите врсници чекаат да полагаат приемен со инфузија закачена во вена.

Кралски денови

Со кој муабет Камила му се пуштила на Чарлс, како нагалено Филип ја вика кралицата и други детали од новата книга за Елизабета Втора, од биографот Роберт Лејси.

Показна буџетска вежба

Републикански кандидат потроши 59 долари од свој џеб за да им покаже на Демократите дека толку се доволно за нешто што буџетот го чини 180.000 долари.

Обама да почне со манџи

Докторите од Вашингтон имаат проблем со кампањата на Обама, поточно со делот со јадење хамбургери и хот-дог пред фотоапаратите.

Шпанската серија на тајната служба

Главната ѕвезда на скандалот со проституција, се појави на колумбиската телевизија и од безбедна далечина им го плесна на агентите на Тајната служба.

McAfee не се апгрејдирал доволно

Британскиот милионер, основач на еден од најпопуларните антивирус програми на светот е уапсен во Белизе поради  антибиотици.

Вог ќе дели сендвичи

Уредниците на сите 19 изданија на Вог низ светот ветија дека никогаш повеќе во своите списанија нема да објавуваат суви манекенки или модели помлади од 16 години.

Наркоманот Хитлер

Хитлер не се трпел во друштво заради гасовите што ги имал од вегетаријанската исхрана, а човекот исто така имал мерак и на "бело," покажало неговото медицинско досие.

Црвениот крст на бандаж

Само што се олабави од обвинувањата за трошење пари од донации на ручеци и БМВ-а, кинескиот Црвен Крст сега заглави на велосипеди.

Ај па и Канго вака

Брус Дикинсон планира да изгради голем авијатичарски центар во Јужен Велс со кој ќе се отворат нови 1.000 работни места. Брус Дикинсон? Да, да, од Iron Maiden.

Мурдок не е способен да биде Мурдок

Руперт Мурдок не би можел да води тезга на пазар, а не меѓународна корпорација, е на кратко заклучокот на британските парламентарци.

Денот на национализацијата

Боливискиот претседател за Први Мај ја почасти работничката класа со одлука за национализација на шпанската електро компанија која управува со 75 проценти од електричната дистрибуција во земјата. И испрати војска да ги преземат нејзините капацитети.

Фајловите на Бин Ладен

Годишнината од убиството на Бин Ладен, американските власти го обележаа со пуштање во јавност на детали откриени во над 10-те илјади документи најдени по компјутерите во домот на Осама.

Напред

Во 7-минутното видео кое ги нагласува економските успеси на Обама, штабот на американскиот претседател го откри слоганот кој треба да го донесе и вториот мандат: FORWARD.

Кога луксузот е досаден

Што е чудно што 27-годишен дечко секој ден станува за да оди на работа и работи по 8 часа на дневно? Ова го прави и покрај тоа што е милијардер.

Сиромаштијата е жиг од детството

Британија издвојува сериозни средства што поголем процент средношколци да се запишат на факултет. Студија покажува дека такви мерки, на таа возраст, се веќе задоцнети.

Рестораните на Њујорк

За "мито" од 50 долари можеш да добиеш маса во речиси секој ресторан во Њујорк, мафијашите се одлични муштерии и секогаш се спријателуваат со персоналот, а уреден ресторан мора да ги менува даските на ве-це шољите на 6 месеци, тврди во својата книга сопственикот на некои од најпознатите њујоршки ресторани.

Рани куче за да те убијат како куче

Надежите на Никола Саркози дека ќе добие втор мандат сериозно се разнишани откако се обелодени документ од кој се гледа дека за првиот мандат прилично заслужен е Моамер Гадафи.

Ал-Каеда издиша

Денес Ал-Каеда е потрошена сила која не е способна да изврши уште еден напад налик на оној од 11-ти септември, тврдат американските тајни служби.

Џабе мачењето

По 3 години анализирање на 10 години тортура над секакви заробеници, комитетот на американскиот Сенат дојде до заклучок - тортурата не функционира.

За инает на Брејвик

Десетици илјади Норвежани се собраа да испеат една детска песна што Брејвик ја мрази и за која тврдеше дека се користи за перење на мозокот на тамошните деца.

Хакерска жетва 2011-та

Во 2011-та руската мафија ја презема контролата и менаџирањето на сајбер криминалот во земјата и околината. Резултат - заработка од 4,5 милијарди долари само за лани.

Жените на Путин

Ако се соберат сите муабети за Путин и неговите жени, добиваме дека регуларната сопруга му е трудна со трето дете, регуларната швалерка веќе има едно дете со него, а најпознатата шпионка ја шета низ град.