Дикинсон кој до сега има продадено над 85 милиони албуми низ светот, а исто така е и пилот на комерцијални авиони.
Неговата компанија, Cardiff Aviation, ќе нуди поддршка за авионските компании која ќе вклучува од тренинг и подготовка на персонал, до одржување на авиони за клиенти како Боинг.
За почеток тој веќе има купено симулатори за Боинг 747, кои ќе ги смести во хангарот од 12.000 метри квадратни.
"Според досегашното ниво на заинтересираност на производителите на авиони, очекуваме да креираме околу 1.000 работни места за 18 месеци," изјавил Дикинсон.
Инаку, во минатото Дикинсон на неколку светски турнеи го возеше цел Iron Maiden во Боингот 757.