Муабетите околу жените на Путин повторно се актуелизираа откако неговата сопруга за време на целата претседателска кампања се појави само еднаш, и тоа на гласањето на 4-ти март.
Отсуството на Људмила се објаснува по две основи - според првата, што ја пласира Дејли Меил, таа е сокриена во манастир. Според втората која доаѓа од Хафингтон Пост, таа е трудна со трето дете и се одмара во болница во Берлин.
Како споредни ликови во целата работа, се споменуваат поранешната атлетичарка Алина Кабаева, со која Путин наводно има вонбрачно дете, и поранешниот шпион а сега манекенка Ана Чепмен, која наводно е најновата придружничка на рускиот претседател.
Целата работа околу домашната ситуација на Путин им е далеку по интересна на странските медиуми, отколку на Русите, кои се навикнати политичарите да ги гледаат без нивните сопруги.
Алина Кабаева, за која се збори дека има вонбрачно дете со Путин: