Во извештајот на 28 страни, истражувачите проценуваат дека вкупниот сајбер криминал во Русија во 2011-та е пораснат за два пати и изнесува 2,3 милијарди долар. Додека годишната заработувачка на сите сајбер криминалци од руско говорно подрачје (што опфаќа граѓани и од поранешниот СССР) изнесува 4,5 милијарди евра.
Најголем профит имало од изманите за он-лајн банкарство и од фишинг (крадење податоци), кои донеле околу 942 милиони долари, по нив следува спамот со 830 милиони долари и 230 милиони долари исплатени за технички услуги.
Анализите на компанијата Group-IB покажале дека овој пазар веќе е на големо прифатен од традиционалниот организиран криминал, кој се обидува да го контролира целиот процес од почеток до крај.
Од компанијата забележале и раст на политички мотивирани DDOS напади, кои биле користени за блокирање на блогови, форуми и медиумски сајтови за време на претседателските избори во земјата.