Комитетот на лекари за одговорна медицина, побарал од претседателот да престане со сликањето по сендвичари и со брза храна.
"Белата куќа никогаш не би му дозволила на Обама да се слика со цигара, зошто тогаш му дозволуваат да се слика како јаде храна што предизвикува рак," порачал директорот.
Обама нема да куртули само со муабет. Комитетот неделава ќе поднесе и петиција во која ќе бара "официјална забрана за фотографирање на претседателот, првото семејство, потпретседателот и членови на кабинетот на претседателот со нездрава храна, вклучувајќи и преработено месо, кои може да предизвика рак и дебелеење."