Мурдок не е способен да биде Мурдок

Руперт Мурдок не би можел да води тезга на пазар, а не меѓународна корпорација, е на кратко заклучокот на британските парламентарци.

Од извештајот се добива слика дека во компанијата речиси и да нема ефективна управувачка структура и дека првите луѓе немале контрола на она што се случувало во неа.

Руперт и син му Џејмс се одговорни за тоа што "самоволно замижале" пред обемот на хакирање што е случувал во News of the World.

Парламентарната комисија оценила дека "корпоративно до самиот крај, инстинктот низ компанијата бил сè да се сокрие, наместо да се најде виновникот."

"Заради ова заклучивме дека Руперт Мурдок не е способен да практикува управување со голема меѓународна компанија," стои во извештајот.

Освен личниот срам, за Мурдок ова може да значи и губење на телевизиите во Британија, бидејќи според тамошниот закон, "секоја личност или организација која ги има или ефективно ги контролира правата за емитување програма, мора да биде 'способна и пригодна.'"

Мурдок до сега се извини за целиот скандал со прислушувањето, притоа изјавувајќи дека високите функционери во британскиот весник цело време ја криеле оваа пракса од него, порачувајќи дека бил "издаден од подредените."

2 мај 2012 - 15:20