Кога луксузот е досаден

Што е чудно што 27-годишен дечко секој ден станува за да оди на работа и работи по 8 часа на дневно? Ова го прави и покрај тоа што е милијардер.

Цимерот на Закерберг и ко-основач на Фејсбук, Дастин Московиц верува дека е потребно да работи, бидејќи и покрај тоа што направил богатство, тој мора да прави нешто со својот живот.

"Кога мислам на работа, мислам на работата во функција на служба, во функција на љубов кон човештвото. Ако се пензиониравме повеќе немаше никому да му служиме," објаснува Московиц.

Московиц, заедно со уште еден поранешен вработен на Фејсбук, Џастин Розенштајн, ја основаа компанијата Асана, која неодамна ја промовираше првата платена верзија на нивниот систем за онлајн менаџирање на проекти.

Иако и двајцата можат уште сега сосема комфорно да се пензионираат, тие слично како Закерберг, се заинтересирани за работа и не се толку привлечени од статусот што им е овозможен од големите пари.

Во сопствената компанија тие немаат ниту посебна канцеларија и седат во истиот простор заедно со другите 24 вработени на Асана. Исто како и Закерберг и тие се сосема лежерно облечени.

Она по што тие се разликуваат од другите е нивната апсолутна слобода да ја гонат нивната визија за тоа како да го променат светот. И тие веруваат дека нивниот софтвер ќе го направи токму тоа.

"Би можеле да работиме на лек за ракот. Би можеле да работиме на изградба на вселенски бродови. Би можеле да работиме на уметнички проекти. Она што е забавно кога се работи во Асана е можноста да работиме на сите нив од еднаш. Ние работиме на мета-проблем," објаснува Московиц.

Веб-платформата на Асана за менаџирање на проекти веќе е прифатена од компании како Твитер, Линкдин и Форсквер.

Инаку, Московиц има 134 милиони акции од Фејсбук, или 7,6 проценти од компанијата, кои според сегашните процени вредат нешто повеќе од 4 милијарди долари.

1 мај 2012 - 12:13