Фајловите на Бин Ладен

Годишнината од убиството на Бин Ладен, американските власти го обележаа со пуштање во јавност на детали откриени во над 10-те илјади документи најдени по компјутерите во домот на Осама.

По тврдењата на поранешен разузнавач, Вашингтон пост пишува дека Бин Ладен не бил премногу воодушевен од идејата подготвена од некои членови на Ал Каеда за креирање на "косилка за луѓе." Направата би била сместена во пикап, на кој ќе има ротирачки сечила и би се употребила во големи толпи. Бин Ладен се спротивставил на ова, тврдејќи дека тоа не било во согласност со неговата визија "за тоа што треба да биде Ал Каеда."

Сите операции оделе преку Осама. Тој дури бил вмешан и во планирањето на теми од типот - што треба да засадат нивните сојузници од Сомалија.

Тој бил и посебно разочаран што организацијата не успеала да ја искористи Арапската пролет и со тоа да го зголеми влијанието на политиката на Средниот Исток.

Претходно беа објавени неколку планови на Бин Ладен, како оној за ребрендирање на Ал Каеда, бидејќи никој од медиумите не го кажувал целото име на организацијата (al-Qaeda al-Jihad) и планот за убиство на Обама.

Во вилата во Аботабад, Фоките запленија 5 компјутери, 10 хард дискови и повеќе од 100 двд-а, дискови, усб мемории.