Сериозни специјални сили биле ангажирани за упад во пансионот на Џон Мекафи во Белизе Сити во кој живеел со својата 17 годишна девојка и петмина телохранители.
При рацијата најдени се нелегални суптанци и оружје за кое немал дозвола.
67 годишниот ексцентричен милионер соопшти дека целата акција се должи на тоа што не платил доволно рекет на локалните политичари.
Мекафи се пресели од Америка во Белизе во 2008-ма година кога серија судски тужби против него му се закануваа да му го истенчат богатството.
Оттогаш, води фармацевтска компанија за производство на антибиотици чија легалност сега ја спорат тамошните власти.
Електронскиот гигант Интел го купи популарниот софтвер за компјутерска заштита во 2010- та година за неверојатни 5 милијарди фунти. За негова несреќа, во тоа време Мекафи веќе го имаше продадено својот удел во компанијата а се проценува дека неговото лично богатство, поради серија лоши проценки од 100 милиони, сега изнесува само 4 милиони долари.