Независната новинаска агенција Mediapart објави документ кој покажува дека симнатиот и убиен либиски водач донирал 50 милиони евра во француската претседателска кампања во 2007-ма година.
Напишан на арапски, договорот е потпишан од главниот шпион на Гадафи, Муса Куса и се однесува на "согласност да се помогне кампањата на претседателскиот кандидат Никола Саркози со сума еквивалентна на 50 милиони евра".
За финансирање на кампањата на Саркози од страна на Гадафи првпат проговори синот на полковникот, лани во март, во интервју за Еuronews.