Некогаш беа најбогати луѓе во Африка и имаа бесплатно здравство и школство. Не само што немаа долгови кон странство, туку со стотици милијарди инвестираа и во западниот свет. Денеска жителите на главниот град на Либија ги кршат тротоарите за да бушат бунари и да дојдат до вода.
Три години откако со сила беше урнат режимот на Гадафи, Либија е потоната во хаос, безвластие и крвопролевање а западните ментори на "демократските промени" панично бегаат од земјата.
Надежите на Никола Саркози дека ќе добие втор мандат сериозно се разнишани откако се обелодени документ од кој се гледа дека за првиот мандат прилично заслужен е Моамер Гадафи.