На фотографијата направена во училиште во провинцијата Хубеи, речиси половина од учениците примаат амино-киселини преку интравенозна инфузија, за да останат свежи и за да ги поправат своите резултатите на приемниот.
Средношколците ја примаат инфузијата по препорака на училиштето, кое на овој начин се надева дека ќе ја зголеми стапката на запишани ученици, со што директно се зголемува и неговиот рејтинг. За ова знаат и родителите, кои прават се за нивните деца да се запишат на факултет.
Целата пракса е комплетно луда, не само заради тоа што вишокот на протеин (амино киселините се главните состојки на протеинот) преставува товар на црниот дроб и на бубрезите, туку интравенозното внесување на амино може да има странични ефекти како треска или настинка, кои се придружени со мачнина и повраќање.
Инаку кинескиот приемен испит е еден од "најстресните испити на светот," и заради него голем број ученици паѓаат во несвест, заболуваат од депресија, а имаше и неколку самоубиства.
Во 2006-та, 9,5 милиони луѓе се пријавија за испитот, кој се полага 2 до 3 дена.