"Тоа се глупаци. Тие се одговорни за безбедноста на Обама и дозволуваат ова да се случи. Можев илјада други работи да му направам. Ако сакав можев да му ги прегледам сите документи, паричникот, актовката," порачала Даниа Суарез.
Таа објаснила дека за целиот инцидент се криви самите членови на обезбедувањето. Прво, едниот агент одбил да и плати за 800 долари за вечерта што ја минала со него и ја исфрлил од соба, а потоа друг негов колега не сакал да и отвори врата кога таа побарала помош. По оваа таа викнала полиција.
Истрагата околу патувањето во Колумбија, до сега резултираше со отказ за 9 од 12-те агенти кои ја сочинуваа претходницата на обезбедувањето на Обама.
Првиот човек на Комитетот за домашна безбедност, конгресменот Питер Кинг, побарал тајната служба под итно да ја интервјуира Даниа Суарез, откако оваа во тв интервјуто изјави дека и покрај тоа што е во центарот на скандалот никој не пробал да разговара со неа.
"Побарав објаснување од Тајната служба како е можно да не можат ја најдат оваа жена, кога очигледно телевизиите немаат проблем со тоа," порачал конгресменот Кинг.