Се работи на веб сајт со историска тематика кој треба да обележи улогата на францускиот генерал Рошенбе во Граѓанската војна и походот на неговата војска низ Конектикат.
Сенатот во кој Демократите имаат мнозинство одвои 180.000 долари за да се подигне ваков сајт а кандидатот за Конгесот од редовите на Републиканската партија истото го извел за 59 долари.
Ја замолил ќерка му да му помогне, регистрирале домеин во GoDaddy и на сајтот ставиле линк до информации за Рошенбе на Википедија.
"Парите можеме попаметно да ги потрошиме отколку да ги дадеме за веб сајт кој малкумина ќе ги интересира и уште помалку ќе биде посетен", изјави 62 годишниот Републиканец Грег Беченд.