
Она што нагалено администрацијата на Буш го викаше "унапредени техники за испитување," не донело никакви значителни резултати во убиството на Бин Ладен, а многу малку помогнало и во генералната борба против тероризмот.
Извештајот на Комитетот се базира на анализата на милиони страни документи од ЦИА, во кој биле опишани и најужасните детали за тортурата.
Во 2009-та Републиканците се повлекоа од истражувањето, бидејќи заради правни причини, Комитетот не можеше директно да ги интервјуира сведоците за да ги потврдат тврдењата во документите.