Документите откриени во "Волчјото дувло" содржат извештај на 47 страни составен од изјавите на шесте главни доктори на Хитлер, и извештај од 178 страни составен од доктор Ервин Гисинг.
Еден од докторите потврдил дека Хитлер и Ева имале секс и покрај тоа што спиеле во одделни соби. Доктор Теодор Морел запишал дека Хитлер добивал инјекции со сперма од млади бикови кои требало да го поттикнат неговото либидо.
"На Хитлер посебно му се допаѓало кога бил во друштво на привлечни жени. Во подоцнежните години неговото либидо очигледно се намалило како последица на зголемените обврски. Морел верува дека и покрај тоа што Хитлер не инсистирал премногу на секс, сепак тој имал односи со Ева Браун," пишува во документите за Хитлер, во поглавјето "Секс Карактеристики."
Во извештајот на Гисинг се тврди дека Хитлер користел кокаин за да ги прочисти синусите, но со тек на време докторот морал да ја намали дозата бидејќи фирерот почнал да се навлекува на прашокот затоа што "го правел среќен."