Свет

Политичка борба за живот

Некои во политиката влегуваат затоа што веруваат дека без неа нема живот за нив. Еден Индиец особено е во право.

И фасадери ја напуштаат Шпанија

Дошле кога земјата живееше во економски бум. Денес стапката на невработеност е 22 а меѓу имигрантската заедница дури 37 посто. Обични физички работници не можат веќе да ја видат својата перспектива во Шпанија па се враќаат во Африка.

Лук јал, такса не помирисал

Европската Комисија реши да ја изведе Велика Британија на суд бидејќи оваа земја уште од 2006-та се тегне ферски да плати 15 милиони фунти за увезен лук.

Обама го изгоре новчаникот

Додека го гледаат загревањето за претседателските избори, најголем мерак на републиканските аналитичари им прави тоа што Обама ги троши парите како тинејџер на екскурзија.

Новинарите паднаа на Путин

По неколку месеци дробење за тоа како Путин ги наместил изборите, како ги задушува медиумите и како генерално автократски владее со Русија, западните медиуми добија шанса да се сретнат на прес со рускиот претседател. И, се стопија пред него.

Обезбедување на летен распуст

На годишниот одмор на Обама, најмногу мерак си направиле Барак, Мишел, нивните ќерки и сите членови на Тајната Служба што го обезбедувале семејството.

Камера на место на сексот

Од сите места каде што може да го фатат, австриски политичар е снимен како има секс сред шума, и тоа од камери кои на прво место воопшто не ни биле заинтересирани за него.

Казахстан уште се мачи со Борат

Во иднина нема веќе лабаво и секаква забуна на химната на Казахстан, со темата од Борат ќе биде санкционирана со робија.

Такси само за поштени

Во Њујорк се усвои нов закон кој на таксистите ќе им забранува да возат курви. Главен проблем - од кај да знае човек дали некоја è или само се така се носи.

Човекот што треба да го продаде Обама

Еден ден откако даде отказ на позицијата заменик шеф на кабинетот на Обама, Џим Месина тргна на најнапнатиот курс за менаџери. Целта беше како најдобро да се подготви за позицијата - менаџер на претседателската кампања на Обама.

Најдобриот совет од милионерот бездомник

Кармејн Гало, консултантот за комуникации на Епл, објаснува како една реченица од бездомникот кој стана милионер комплетно му го има променето животот и професијата.

Во шишето не е вистината

Скандал од неколку стотици милиони евра ја тресе винската сцена во Франција откако истрага утврдила дека престижна фирма во убави винтажни шишиња полнела ефтино наливно вино од супермаркети.

Јавниот непријател на мафијата

Кога минатиот петок се врати во Рим, обвинителот Никола Гратери дозна дека се подготвува атентат на него. Само неколку денови претходно, во сосема друг случај, Гратери разбра дека мафијата купила 13 кг. пластичен експлозив наменет за него.

Политика на рампа

Тоа што САД убија 24 пакистански војници, по што им беше затворена границата меѓу Пакистан и Авганистан, сега ги чини Американците по 3 милиони долари на ден.

Летај кон очи топли во мракот што тонат

Развојот на смртоносните оружја е како преминот од книги на твитови. Вториве помалку собираат ама затоа може секоја будала да ги испрати.

Повик од 330 илјади долари

Една интервенција на Крајбрежната стража на САД за спасување на екипаж и патници на јахта, чини најмалку 330.000 долари. Сумата е посебно глупаво висока кога се работи за лажен повик.

Зелена и пријатна Британија

За 27 милиони фунти, организаторите на ЛОИ 2012. ќе добијат 10.000 волонтери, 30 овци, три крави и цел стадион претворен во "британски идиличен пејзаж," објави Дени Бојл соопштувајќи ги деталите за церемонијата на отворањето на Игрите.

Глобален индекс на мирот

67 земји се помирни а 90 понемирни од нас. Излезе годинешниот глобален мировен индекс на кој сме забележале скок од 8 места во однос на минатата година.

Обама, жив или мртов

САД минатата недела објави награда од околу 7 милиони долари за главите на неколку високи команданти на Ал-Шабаб, сега Сомалијците со иста жестокост ја возвратија мерката, нудејќи награда за главата на Обама и за Хилари Клинтон.

Колку ПР доби Асад за 5.000 долари месечно?

Башар Асад знае да зборува англиски а неговата сопруга Асма е скроз згодна, на кратко беше сликата на Западот за првото семејство на Сирија.

Право на бесплатна вода во кафана

Ако си во ресторан во Милано, можеш да избираш меѓу два вида вода: обична вода во шише или минерална вода исто така во шише. Што и да одбереш, ќе те чини 2 евра.

Хулиганите ги претепаа волонтерите во Вроцлав

На вториот натпревар на Евро 2012, Русија ја прегази Чешка со 4-1. Во исто време на трибините на стадионот, руските навивачи се судрија со редарите на натпреварот, кои ни од далеку не беа подготвени да се справат со нив.

Удавени сме во ѓубре

Годинава светот ќе произведе 1,1 милијарда тони ѓубре, што е отприлика исто колку тежината на 7.000 згради како Емпајр стејт билдинг.

Индија ги чека дијамантите

До Кралицата Елизабета: Среќен роденден. Се надеваме дека на принцот Филип наскоро ќе му биде подобро. И ако може сега да ни ги вратиш дијамантите. Искрено твој, народот на Индија